Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

CHERY EGO – Вистински космополит!   

Chery Ego е мал градски автомобил кој ќе Ви се допадне веќе на прв поглед! Овој автомобил е конструиран заедно со инжинерите од Детроит, а дизајнот е развиен во познатата италијанска куќа за дизајн, BERTONE. Како резултат на тоа, имаме практичен, складен и модерен дизајн. Главните принципи на стилот на дизајнот е комбинација на современа технологија и ефикасност.

Силата на автомобилот ја обезбедува ACTECO мотор со 16 вентили, со зафатнина од 1.3л и 84КС. Конструиран е во соработка со Австрискиот AVL, компанија која која ја водат еминентни европски, американски и азијски инжинери. Овој мотор се одликува со голема трајност, сила, мала потрошувачка на гориво како и многу тивка работа.

За конструрање на потпирањето на автомобилот задолжена беше познатата британска компанија LOTUS, што е причината Ego да биде изразито стабилен, агилен и “смирен” на патот. Chery Ego има мануелен менувач кој е составен од петостепен преносник и спојка са хидрауличен диск и серво управувач кој овозможува одлична управливост. Целокупната електроника на овој модел е изработена од германскиот BOSCH.

Со целосната опрема како и пасивните и активните безбедносни системи во возилото, Chery Ego ги задоволува строгите барања за безбедност во Европа и САД. Пред пуштање на Chery Ego во продажба, успешно се извршени повеќе од 30 сертифицирани тестови, како што се тестот на издржливост при големи брзини на 200.000 км, целосен тест на 100.000 км, тестови на разни патишта од 3 милиона километри и 10.000 саати непрекидно работење на моторот.

Ако се земе во предвид и основниот пакет на опрема кој содржи: клима уред, електрични подигачи на стаклата на сите врати, електрични ретровизори, CD/MP3 player со USB interfejs, 4 звучници, серво управувач, далечинско централно заклучување, електрично подесување на предните светла, халогени предни светла, патен компјутер, летва на воланот со функција за апсорбирање на енергијата при судар, ABS+EBD, алармен уред со имобилајзер, ќе сватите дека Chery Ego е всушност тоа што го барате!

Гаранција 3 години или до 100.000 пројдени километри!

 

Галерија на слики

Спецификации

Пакети опрема

Дополнителна опрема

Ценовник

Гаранција

Дилерско-сервисна мрежа

Линкови




 
 
 
Copyright © 2010 Chery Inc. All Rights Reserved